ЕУ и Кувајт одржаа дијалог за човековите права во Кувајт во вторникот, денеска од дипломатската служба на ЕУ нотираат одреден напредок во повеќе области во оваа земја.
Третото издание на Дијалогот за човекови права меѓу ЕУ и Кувајт бил прилика за двете страни да разменат на теми како слободата на изразување, дигиталните права, правата на резиденти без држава, владеењето на правото, смртната казна, работничките права, како и правата на жените и децата.
ЕУ го пофали напредокот на Кувајт за зајакнување на жените и оцени дека е остварен охрабрувачки прогрес во делот на резиденти без држава, како и на правата на работниците мигранти.
Се очекува дополнителен напор во усогласување на кривичниот законик со стандардите на меѓународното право, посебно во делот на сајбер криминалот и слободата на изразување. На кувајтските власти им е повторено дека ЕУ и натаму принципиелно се противи на смртната казна и изрази жалење за егзекуцијата на седум лица на 16 ноември во Кувајт.
Следната средба ќе се одржи во Брисел во 2023 година.(МИА)