Околу пет милиони Украинци се очекува да ја напуштат земјата доколку продолжат офанзивните активности на руските воени сили во Украина, предупреди шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, притоа нагласувајќи ја потребата Европа да се подготви за тоа.
„Мора да се подготвиме да примиме околу пет милиони луѓе…Мора да ги мобилизираме сите ресурси на ЕУ за да им помогнеме на земјите што ќе прифатат бегалци. Ќе ни требаат повеќе училишта, повеќе прифатни центри, повеќе од се“, изјави тој.
Борел исто така вети зголемена контрола на трошоците за помош на ЕУ во земјите кои дипломатски ја поддржуваат Русија или се воздржаа од критики на Москва за инвазијата врз Украина.