среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ усвои рестриктивни мерки против Белорусија поради вмешаноста во руската агресија

ЕУ усвои рестриктивни мерки против Белорусија поради вмешаноста во руската агресија

Земјите-членки на Европската унија денеска усвоија рестриктивни мерки против Белорусија поради нејзината вмешаност во конфликтот на Русија со Украина.

„Амбасадорите на Европската унија денеска се договорија за усвојување на рестриктивни мерки, имајќи ја предвид ситуацијата во Белорусија и нејзината вмешаност во руската агресија врз Украина“, соопшти шпанското претседателство со ЕУ на Твитер.

Шпнаското претседателство напоменува дека рестриктивните мерки ќе опфатат поединци и субјекти во Белорусија.  (МИА)