недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам

ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам

Пристигнаа првите реакции на Европската унија по најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа.

Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на „Гаспром“ е донесена „под лажни изговори“.

„ Овој потег потврдува дека „Гаспром“ е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“.

„ Русија попрво ќе согорува гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија палела големи количини гас во еден од своите капацитети наместо да го користи за договорени испораки.