Италијанскиот остров Сицилија е погоден од големи пожари, поттикнати од рекордна горештина, поради што е наложена евакуација, а аеродромот е затворен.
Чадот е забележан над градот Катанија, кој е особено погоден од пожарите. Голем пожар избувна во предградието на градот и неколку семејства беа принудени да ги напуштат своите домови.
Според агенцијата АНСА, 150 луѓе биле заробени од пожари во две крајбрежни области на Катанија. За да го избегнат огнот, тие отишле на плажа, каде што биле спасени од крајбрежната стража, прво со гумен чамец, а потоа префрлени на патролни чамци.
Пожарникарите извршиле околу 250 интервенции во последните 24 часа на островот, а операциите за гаснење пожари се уште траат со помош на хеликоптери и авиони.