вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евакуирани два воза во Барселона

Евакуирани два воза во Барселона

Железничкиот сообраќај на главната железничка станица во Барселона претпладнево беше во прекин, а патниците од два воза биле евакуирани затоа што екипи за експлозив проверувале дали има експлозивни направи.

Локалната полиција добила дојава за бомба, по што со скенер бил баран експлозивен предмет во куфери и на други места во вагоните.

Детали за инциденторт не се соопштени.