Поминаа два месеци од разорните земјотреси во Турција, а состојбата во деловите од земјата кои претрпеа најголеми загуби полека се нормализира.
Властите во провинцијата Хатај веќе започнаа со изградба на нови згради, а една од нив веќе стигна до вториот кат.
Министерот за инфраструктура рече дека изградбата на нови куќи и згради ќе заврши за една година.
По разорните земјотреси на 6 февруари, на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од уништени куќи, но само два месеци подоцна ситуацијата е сосема поинаква. Во описот на видеото што го објави министерот за инфраструктура, најавено е дека ќе се градат 9.264 згради и селски куќи, а ќе бидат изградени вкупно 250.862 објекти.
Иако некои се сомневаа дека нема шанси куќите да бидат завршени за една година, тој ги увери сите дека ќе биде токму така.
Утврдено е дека под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, процесот на реконструкција на регионите погодени од катастрофата е брзо спроведен. Констатирано е дека се направени студии за микрозони, како и геолошки истражувања за да се открие отпорноста на почвата на земјотреси и да се процени кои делови се најбезбедни за изградба на куќи.
По сите анализи, утврдено е дека куќите ќе се градат на најцврсто тло, а зградите нема да ја надминат висината на приземјето и четири ката.
Во меѓувреме, во Караманмараш беа обновени сите гасни инсталации на зградите кои беа оштетени по земјотресот.
По поправката, пристап до гасот сега имаат 154.000 корисници.