Многумина Американци сакаат Двејн Џонсон „Карпата“ да се кандидира во иднина за претседател на САД, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од истражувачката компанија „Пиплсеј“.
Анкетирани се 30.138 луѓе во целата земја во периодот од 2 до 4 април, при што е утврдено дека 46 отсто од Американците би сакале „Карпата“ да биде шеф на Белата куќа.
Освен тоа, 40 отсто од испитаниците изјавиле дека би сакале да го видат Метју Меконахи, кој размислува да се кандидира за гувернер на Тексас, и Џонсон, кој ќе се кандидира за јавна функција.
За време на неговото појавување во „Шоуто на Елен Деџенерис“ во 2017 година, Џонсон изјави дека „сериозно размислува“ да се кандидира за претседател.
– Ако луѓето навистина го сакаат тоа, би размислувал да се кандидирам за Белата куќа во иднина, изјави Двејн Џонсон „Карпата“ за „Ју Ес Тудеј“ во февруари.
Меконахи јавно изјави дека би бил заинтересиран да се кандидира за гувернер на Тексас во 2022 година, велејќи дека тоа би било „чест дури и да се размислува“.
Истражувањето, исто така, покажа дека 39 отсто од луѓето веруваат дека славните личности би биле добри политичари, со оглед на тоа што имаат политичка соодветност.
Учесниците во анкетата, исто така, беа замолени да ги изберат најпознатите личности кои би сакале да ги видат како кандидати за претседател, што беше поделено во две категории: мажи и жени.
Во категоријата славни мажи, Том Хенкс (22 отсто) и Вил Смит (21 отсто) се рангирани највисоко, а во категоријата славни жени, Анџелина Џоли (30 проценти) и Опра Винфри (27 проценти) беа меѓу најпопуларните избори.