недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европол добива поголеми овластувања

Европол добива поголеми овластувања

Пратениците од Европскиот парламент дадоа зелено светло за поголеми овластувања на Европол во борбата против новите закани, кои ќе бидат придружени со подобра заштита на податоците и построг надзор.

Со 480 гласа „за“, 143 „против“ и 20 „воздржани“ Европарламентот формално го одобри договорот усвоен во февруари меѓу Парламентот и преговарачите на ЕУ за зајакнување на мандатот на Европол.

Европол обезбедува поддршка за националните органи во спроведувањето на законите и нивна меѓусебна соработка во спречувањето и борба против организираниот криминал и тероризмот. Неговата главна задача е да собира, анализира и разменува информации, вклучително и криминалистичко разузнавање.

Со зголемени овластувања, Европол ќе може да спроведува истражувачки и иновативни проекти, да обработува големи количества на податоци и да им помага на националните власти да ги истражуваат странските директни инвестиции во случаи поврзани со безбедносни прашања.