сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европол испрати тимови во земјите што граничат со Украина за да ги заштити бегалците

Европол испрати тимови во земјите што граничат со Украина за да ги заштити бегалците

Европол денеска објави дека испратила тимови во земјите што граничат со Украина во обид да ги заштити бегалците и да спречи влез на криминалци и терористи во Унијата.

Агенцијата со седиште во Хаг соопшти дека нејзините тимови ги поддржуваат локалните власти со спроведување секундарни безбедносни проверки и обиди да „идентификуваат криминалци и терористи кои се обидуваат да влезат во ЕУ заедно со бегалците и да ја искористат ситуацијата“.

Екипи се испратени во Литванија, Полска, Романија, Словачка и Молдавија, по барање на тие земји, а една ќе пристигне во Унгарија.

Нивните членови ќе собираат податоци на терен за да ја проценат заканата од криминал низ Европа.

Според ОН, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, повеќе од четири милиони луѓе ја напуштиле Украина. (МИА)