сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Европската унија целосно вакцинираше 250 милиони свои граѓани

Европската унија целосно вакцинираше 250 милиони свои граѓани

Европската унија ја заврши целосната вакцинација со две дози на 250 милиони свои граѓани, соопшти европската комесарка за здравство Стела Киријакидис преку Твитер.

„250 милиони граѓани се целосно вакцинирани во Европската унија- важен нов чекор кон нашата цел да вакцинираме 70 отсто од возрасната популација“, напиша таа.

Киријакидис истакна дека ЕУ смета дека вакцинацијата е најефикасното средство за борба против новите варијанти на коронавирусот.