вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Европската унија одобри дополнителна воена помош за Украина

Европската унија одобри дополнителна воена помош за Украина

Европската унија одобри дополнителни 543 милиони долари воена помош за Украина, со што вкупниот износ досега достигна 1,63 милијарди долари помош со цел земјата да се одбрани од руските сили.

Новиот пакет ќе го финансира снабдувањето со опрема и материјали за украинските вооружени сили, што вклучува „лична заштитна опрема, комплети за прва помош и гориво“.

-Додека Русија се подготвува за офанзива во источна Украина, од клучно значење е да продолжиме и да ја зајакнеме нашата воена поддршка за Украина со цел да ја одбраниме нејзината територија и население и да спречиме понатамошно страдање, рече Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика.  (МИА)