петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас

Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео – состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

„Бруталните терористички напади на Хамас врз Израел минатата сабота доведоа до трагична загуба на над илјада невини израелски цивили. Заложниците мора веднаш да бидат ослободени и без никакви предуслови. Нема оправдување за теророт“, се вели во изјавата на Мишел.

Тој додаде дека ЕУ е во целост солидарна со израелскиот народ и со жртвите на терористичките напади и нагласи дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното право.