четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Финска и Шведска во мај го започнуваат процесот на придружување на НАТО?!

Финска и Шведска во мај го започнуваат процесот на придружување на НАТО?!

Финска и Шведска заедно во мај ќе ја истакнат желбата да му се приклучат на НАТО, известуваат финскиот Iltalehti и шведскиот весник Expressen во понеделникот, повикувајќи се на извори „блиски на проблематиката“.

И покрај цврстата соработка со Алијансата последните две децении, двете нордиски земји во соседството на Русија, со децении се придржуваа на политиките да останат воено неутрални, но почетокот на руско-украинската војна беше искористено за создавање остар пресверт во ставовите кон придружувањето на НАТО.

Финска и Шведска планираат да организирааат средба на водствата на двете земји на 16-ти мај и потоа јавно да ги најават своите планови да му се придружат на НАТО, пишува Iltalehti.

Финскиот министер за надворешни работи Пекка Хаависто одбил да коментира, но го повторил својот долгогодишен став дека би сакал Финска и Шведска да донесат исти решенија. Шведското министрство за надворешни работи, исто така, веднаш не одговорило на медиумските барања за коментар.

Финската премиерка Сана Марин пред две седмици при посетата на шведската колешка Мадалене Андерсон изјави дека очекува Финска позитивната одлука за приклучување на НАТО да ја донесе во рок од неколку седмици.

Шведска, пак, започна ревизија на националната безбедносна политика, којашто вклучува поглед на можното членство во НАТО, а резултатите се очекуваат до средината на мај. Владејачките социјалдеморкати, исто така, го разгледуваат својот долгогодишен приговор на членството во НАТО, а резултатите се очекуваат најдоцна до 24-ти мај.