Финската министерка за сообраќај и комуникација Сана Марин е избрана за нов премиерка на земјата. По превземањето на функцијата таа ќе стане најмладата претседателка на финската влада.
Марин има 34 години и ќе ја превземе функцијата идната недела со што ќе стане третата жена која ја предводела владата на Финска.
-Не чека многу работа за повторно да изградиме доверба. Имаме заедничка програма на владата која ја држи коалицијата заедно, изјави Марин пред новинарите по тесното гласање.
Вториот главен кандидат на гласањето на раководството на партијата беше шефот на парламентарната група на Социјалдемократската партија, Анти Линтман.
Марин добила 32, а Линтман 29 гласови.