среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Финска почна јавна дебата за можен влез во НАТО

Финска почна јавна дебата за можен влез во НАТО

Финска денеска ја почнува дебата што може да доведе до тоа земјата да поднесе барање за членство во НАТО во рок од неколку недели, јави Би-Би-Си.

Извештајот направен по барање на владата, а објавен денеска, ја истражува „во основа променетата“ безбедносна средина, наведува финското Министерство за надворешни работи за процедурата што ќе треба да мине низ Парламентот.

Почетокот на јавната расправа е планиран за недела дена подоцна, наведува Би-Би-Си.

До неодамна, мнозинството Финци не сакаа членство во НАТО, но, руската инвазија на Украина ги натера на некои преиспитувања на ставовите. Најновите анкети покажуваат дека сега мнозинството дава поддршка за членството во Алијансата.

Британскиот медиум потсетува дека Русија ги предупреди и Финска и Шведска, дека е против нивно придружување на НАТО. Според Русија, потегот нема да ѝ донесе стабилност на Европа.