Приватен авион кој сообраќал од САД се урна на крајот од пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа и притоа се повредени девет лица, соопшти противпожарната служба.
Авионот полетал од Остин во Тексас.
Локалните медиуми информираат дека авионот бил преполовен на средината на трупот.
Противпожарните тимови интервенирале пред да избие пожар.
МИА