недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Доријан ги опустоши Бахамите, најмалку 7 загинати

ФОТО: Доријан ги опустоши Бахамите, најмалку 7 загинати

Расте бројот на загинати лица во налетот на ураганот Доријан, особено на Бахамите.

Новиот црн биланс го соопшти премиерот на Бахами, Хуберт Минис истакнувајќи дека загинати се седум лица, но се очекува оваа бројка да се зголеми.

Минис посочи дека се работи за „историска трагедија“ за карипскиот апхипелаг од 700 острови, кој е погоден од исклучително силен ветер и бранови повисоки од островските куќи.

Ураганот Доријан вчера ослабна во трета категорија со ветер од околу 205 километри на час над Бахамите, јави американската метеоролошка служба.