Најмалку 15 лица се повредени рано изутринава при експлозија во ресторан во градот Мисисaга во канадската провинција Онтарио.
Според првичните информации станува збор за експлозија на рачно изработена бомба, а локалната полицијата трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа.
Како што јави ДПА, експлозијата се случила во 22:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) во еден индиски ресторан во Мисисaга, град кој се наоѓа западно од Торонто.
Според полицијата, тројца од повредените се во критична состојба.
МИА