сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Најтрогателната фотографија од Бејрут која го обиколи светот, фотографот вели не видел ништо слично

ФОТО: Најтрогателната фотографија од Бејрут која го обиколи светот, фотографот вели не видел ништо слично

По стравичната експлозија во Бејрут, штетите долго ќе се бројат, како човечките така и материјалните.

Но, она што на многумина позитивно влијае во овој тежок момент е човечноста која ја покажуваат како жителите на Бејрут и Либан, така и на целиот свет.

Во експлозијата, болницата „Бејрут Роум“ е еден од објектите кои е оштетен. Но, токму тука настанала и една од натрогателните фотографии која го обиколи светот, а која е снимена на одделението за гинекологија и акушерство.

Имено, фотографот Билал Јавиќ сликал млада медицинска сестра како во својата прегратка држи три новороденчиња, а е опкружена со рушевини, искршено стакло обидувајќи се телефонски за побара помош.

-По 16 годии фотографирање за медиумите и многу војни можам само да кажам дека не сум видел ништо слично на ова. Оваа хероина ги замота и ги чуваше внатре во болницата, додека се обидуваше да воспостави повици и покрај прекините во комукациите, три новороденчиња во рацете опкружена со десетина тела и повредени лица, напиша авторот на фотографијата.