Радоста и насмевката на најмалите во тешките времиња за Турција се чини мотив плус за светските хуманитарни организации, но и спасувачките екипи да продолжат со својата работа.
Турското Министерството за одбрана објави фотографии на кои се гледа како во шатор населбите кои се подигнати за да се сместат жртвите од земјотресот, се отвори и игротека за децата.
Всушност еден од поставените шатори стана детско катче исполнето со многу насмевки и забава.
Турската војска секојдневно на евакуираните жители од погодените места им доставува помош. Децата, со цел полесно да ги пребродат тешките денови, добиваат и нови играчки и облека за да им биде топло во студените денови.
Особено се радуваат на чоколатцата и слатките кои им ги подаруваат војниците.