четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Политичар од опозицијата на Данска заврши на порно сајт – ова стои во описот

ФОТО: Политичар од опозицијата на Данска заврши на порно сајт – ова стои во описот

Иако повеќето кандидати на данскиот парламентарни избори се рекламираат на интернет, кажувајќи ветувања на сајтовите и друштвените мрежи, кандидатот Јоаким Олсен заминал чекор понапред.

Олсен, освојувачот на сребрен олимписки медал во фрлање кугла и од 2011 година пратеник на Либералниот сојуз, поставил реклама со логотип од партијата и ги повикува луѓето да гласаат за него на еден од најпознатите светски сајтови за возрасни.

Олсен на својот Фејсбук профил потврдил дека ја објавил таа реклама, а за еден весник рекол дека „изборната кампања е сериозна работа, но мора да постои и малку хумор“.

-Мора да бидеме таму каде има најмногу Данци – рекол Олсен во интервјуто.

Неговиот рекламен банер на Порнхаб прикажува слика на насмеан 41-годишен политичар, а во опис на фотографијата е напишано: „Кога ќе завршите со мастурбација, гласајте за Јоке“.

Парламентарните избори во Данска ќе бидат одржани н 5, јуни.