Најмалку десет лица загинаа синоќа во пожар во хотел-казино на западот на Камбоџа, во град на границата со Тајланд, соопшти локалната полиција.
Во пожарот што избувна синоќа околу 23 часот и 30 минути по локално време во градот Попе, десет лица загинаа, а 30 се повредени.
Повредените се пренесени во болниците во соседната тајландска провинција Сао Каео, изјави извор од Министерството за надворешни работи на Тајланд.
-Властите се обидоа да го стават под контрола пожарот со помош на противпожарни возила кои дојдоа од Тајланд, рекол изворот.
Еден од тајландските спасувачи изјави дека пожарот брзо се проширил во катниот хотел-казино, поради тепихот.
Во моментот на пожарот во зградата имало странски државјани, јавуваат локалните медиуми.