четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Пожар во станбен блок во Њујорк – Најмалку 12 загинати, меѓу нив и дете (1)

Пожарот избил на третиот кат од петкатна зграда околу 19 часот по локално време.
ФОТО: Пожар во станбен блок во Њујорк – Најмалку 12 загинати, меѓу нив и дете (1)

Најмалку 12 луѓе загинаа во пожар во станбен блок во њујоршкиот кварт Бронкс, изјави градоначалникот Бил де Блазио.

Меѓу жртвите е и дете од една година. Најмалку 15 се со повреди, од кои четворица во тешка состојба.

Пожарот избил на третиот кат од петкатна зграда околу 19 часот по локално време.

Во гасењето учествувале 170 пожарникари.