сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Рекордна заплена на кокаин во Парагвај, пронајдени 2,3 тони дрога вредна 500 милиони долари

ФОТО: Рекордна заплена на кокаин во Парагвај, пронајдени 2,3 тони дрога вредна 500 милиони долари

Полиција во Парагвај заплени рекордни 2,3 тони кокаин кој бил скриен во пратка со јаглен заменета за Израел.

Количината на пронајдениот кокаин има улична вредност од 500 милиони долари, а се работи за досега најголема заплена во Парагвај. Кокаинот бил пронајден во приватно пристаниште.

Би-Би-Си јавува дека уапсени се и две лица, од кои едниот е поранешен директор на државна телевизија.

Кокаинот бил спакуван во пакети, а пронајден е во еден од вкупно шест контејнери од кои пет дополнително треба да бидат пребарани.

Министерот за внатрешни работи истакнал дека конечната количина на запленетиот кокаин би можела да биде поголема од три тони. Дојавата за кокаинот стигала од Белгија.