четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Родители го полиле синот со бензин и го запалиле, се оженил без нивен благослов

ФОТО: Родители го полиле синот со бензин и го запалиле, се оженил без нивен благослов

Мугабаригира Џин Клод од Руанда се оженил без благослов од родителите, па ваквата одлука многу скапо го чинела.

По свадбата, неговите родители кои биле бесни го полеале со бензин и запалиле. Тој се здобил со тешки повреди и изгореници на градите, вратот, стомакот и грбот.

Како што изјавил, а пренесуваат медиумите, не ги послушал родителите да се ожени со девојка која никогаш не ја запознал. Подоцна кога им ја претставил Јивона за која навел дека е љубовта на неговиот живот, не сакале да ја погледнат.

Родителите во првата прилика кога го посетиле, му дале пијалак полн со таблети за спиење. Додека не бил свесен, наводно родителите го полиле со бензин и запалиле.

Се вмешале соседите кои му го спасиле животот. Поминал 22 дена во кома, но кога излегол од болница, повторно се случил напад. Тој и неговата сопруга, кои имаат и три деца, биле каменувани. Сопругата Јивона изјавила дека ќе остане со него без оглед на се, но и дека ќе се преселат за да ги избегнат нападите на неговите родители.