сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Се преврте камион полн со мигранти – Еден загинат, 81 лице повредено

ФОТО: Се преврте камион полн со мигранти – Еден загинат, 81 лице повредено

Едно лице го загуби животот, а 81 е повредено кога камион полн со мигранти од Централна Америка се превртел на патот кон јужно Мексико кој води до САД, соопштија властите на мексиканската држава Веракруз.

Во соопштението на полицијата се наведува дека најголем дел од повредените мигранти се од Гватемала. Се уште не е јасно што е причината за несреќата.