недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Украинска плејбој зајачица им помага на војниците

ФОТО: Украинска плејбој зајачица им помага на војниците

Украинската манекенка, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Даша Астафиева овие денови волонтира во кујна каде подготвува оброци за украинските војници.

На својот Инстаграм профил таа постојано објавува видео снимки каде повикува на мир, прекин на огнот.

На фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи се гледа дека таа лупи краставици, компири, чисти друг зеленчук и активно учествува во подготовката на храната.

Даша е родена во 1985 година. Кога била девојче пронашла копија од Плејбој списание во својот дом. На насловната страна била Катарина Вит.

-Бев шокирана бидејќи не разбирав колку може да биде убаво женското тело. Тој ден, си реков сама на себе, дека сакам да позирам еден ден за магазин. Имав само девет години, изјавила Астафиева во 2008 година.

Со манекенство започнала да се занимава во 2003 година, во јануари 2009 година таа беше Плејбој девојка на месецот.