четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО+ВИДЕО: Експлозија во фабрика за пиротехника на Сицилија, четворица загинати

ФОТО+ВИДЕО: Експлозија во фабрика за пиротехника на Сицилија, четворица загинати

Најмалку четири лица загинаа во експлозија во фабрика за пиротехничка опрема на италијанскиот остров Сицилија.

Експлозијата се случила во фабриката за пиротехнички средства во Барселона Позо ди Џото во близина на Месина, при што загинале најмалку четири лица, меѓу кои е и сопругата на сопственикот  – 71-годишната Венера Мацео.

Четири лица се повредени и се во критична состојба.

Семејството, кое ја води фабриката, ја купило компанијата пред нешто повеќе од 10 години.