Голем пожар уништи или оштети повеќе од 200 куќи и други објекти на островот Гуанаја, крај брегот на Хондурас.
Стотици жители беа принудени да се евакуираат од оваа туристичка дестинација.
Четири лица се повредени во пожарот, кој целосно уништи 90 куќи и оштети уште 120, вклучувајќи и некои деловни објекти, потврдија властите на Хондурас.
Guanaja pic.twitter.com/Z4mnIvJcIA
— 𝓢𝓪𝓾𝓵 𝓡 (@saulnd2012) October 2, 2021
„Можеме да потврдиме дека немаме човечки загуби, само огромна материјална штета“, рече Мак Гонзалес, директор на Агенцијата за вонредни состојби во Хондурас.
Како што јавуваат странските агенции, пожарот избувнал пред зори, а жителите сами се обиделе да го стават под контрола бидејќи на островот нема противпожарна служба.
Lamento mucho lo que hoy pasan las familias del cayo mayor de Guanaja que en unos minutos vieron su patrimonio consumido por las llamas.
Toda mi solidaridad con los afectados. Hago un llamado a las autoridades para ayudar a las familias y atender la emergencia cuanto antes. pic.twitter.com/V74PP63s9Y
— Jorge Cálix (@JorgeCalixHN) October 2, 2021
Гуанаја е најисточниот од трите заливски острови, долг околу 18 километри и широк шест километри и опкружен со корален гребен, што го прави привлечен за нуркачите.
Овој карипски остров е оддалечен околу 70 километри од северниот брег на Хондурас.
Difícil situación de la Isla de Guanaja después del siniestro. pic.twitter.com/zDSxanWjkW
— German Amador (@GermanAmador16) October 2, 2021