вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

(ФОТО+ВИДЕО) Невреме во Хрватска: Во парламентот протече вода за време на вонредна седница

(ФОТО+ВИДЕО) Невреме во Хрватска: Во парламентот протече вода за време на вонредна седница

Во Хрватска повторно фати невреме поради што во пет регион издаден е црвен аларм на предупредување
Хрватскиот Сабор денеска ја започна вонредната седница на која се расправа за штрајкот во правосудството и аферата со плин, а која беше свикана на барање на претседателот Зоран Милановиќ.

Седницата треба да трае три дена односно во недела треба да се гласа за заклучок за двете точки што се на дневен ред, а првиот ден од парламентарната дебата ќе остане запаметен по тоа што во салата каде се одржува седницата протече вода.

Водата почна да тече преку отворениот прозор и низ ѕивовите во салата, а почна да влегува и преку главната врата која веднаш беше затворена.

„Затворете го прозорецот, водата проби“, повика претседателот на Саборот, Гордан Јандрковиќ и даде пауза од 10-тина минути.

По интервенцијата на службите во парламентот, седницата продолжи.

Додека во парламентот трае вонредната седница, цела држава се соочува со невреме. Дури во пет региони во Хрватска има црвен метеоаларм, додека во останатите делови на сила е портокалово ниво на предупредување.

Силното невреме, како што јавуваат хрватските медиуми, ги зафати Истра и Кварнер, како и Загреб и регионот на Славонија. Паѓа град и дува силен ветер поради што низ улиците може има паднати гранки од дрвја. Поради невремето и паднатите гранки и дрвја, бил блокиран и воз помеѓу Загреб и Карловац.

Пред два дена, во невремето кое ги зафати земјите од регионот, токму во Хрватска имаше и четворица загинати, а по една жртва беше регистрирана и во Словенија и Босна и Херцеговина.