Анализа на сателитски снимки пред и после, објавени од Њујорк Тајм покажуваат дека дел од настраданите во Буча се убиени пред повеќе од три недели, односно во период кога овој регион бил контролиран од руските сили.
Но, и покрај доказите руските власти се обидуваат да „појаснат“ дека станува збор за пропаганда на непријателот. Во еден момент во некои руски медиуми се појавија информации дека труповите се всушност актерот, дури и дека изгледаат „многу свежо“.
Снимките недвосмислено потврдуваат дека човечките трупови се појавиле на улиците додека руските трупи биле присутни во Буча. Тела на најмалку 20 цивили беа пронајдени на една улица во Буча, по повлекувањето на руските сили. Дел од телата биле пронајдени во лицата свртени кон тротоар, а други најдени од лицето свртено нагоре и со отворена уста.
-Тројца од нив биле на велосипед, откако тргнале на последното возење, а други паднале покрај автомобили, наведиваат новинари на АФП кои пристапиле во градот.
Според информациите, еден труп бил во врзани раце зад грб со бела ткаенина, пренесува Си-Ен-Ен.
Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук изјавил дека загинатите цивили биле нехумано третирани од страна на руските сили.
Satellite images refute Russia’s claim that the killing of civilians in Bucha, a suburb of Ukraine’s capital, occurred after its soldiers had left town, a New York Times analysis found. https://t.co/yTsRuItPuA
— The New York Times (@nytimes) April 5, 2022