Товарен брод со 43 членови на екипажот и 5.800 грла добиток исчезна во бурата крај северозападниот брег на Јапонија, откако крајбрежната стража примила сигнали за помош, објавија локалните медиуми во четвртокот.
Јапонската крајбрежна стража во средата ноќта спасила филипински член на екипажот, но другите 43-ца, од кои 38 Филипинци, двајца Австралијци и двајца Новозеланѓани сѐ уште не се пронајдени, објави новинската агенција Kyodo.
Претставниците на крајбрежната стража изјавиле дека го нашле членот на екипажот со појас за спасување како плута во Источнокинеското Море, и дека неговата здравствена состојба не е опасна по животот.
Портпарокот на австралиското министерство за надворешни работи и трговија (DFAT) во четвртокот потврди дек „владата дава конзуларна помош на семејствата на двајцата челнови на екипажот на товарниот брод кој исчезна во јапонските води“. „Имајќи ја предвид обврската за приватност, не можеме да дадеме дополнителни коментари“, додал портпаролот.
Според јапонската крајбрежна стража, повикот за помош од товарниот брод го примиле околу 1,45 часот ноќта по локално време, односно 17,45 по македонско, кога бродот бил на околу 185 километри западно од островот Амами Ошима. Спасувачката операција ја отежнуваат силниот дожд и ветерот предизвикан од тајгунот Мајисака.
Товарниот брод го напуштил Нов Зеланд на 14-ти август, а требало да пристигне во пристаништетот Тангшан во Кина во петок.