вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Жестоки борби во Харков – Во руското гранатирање уништени 21 објект, се бројат жртвите

ФОТО: Жестоки борби во Харков – Во руското гранатирање уништени 21 објект, се бројат жртвите

Жестоки борби се водат во Харков. Укранските служби јавуваат дека во измината ноќ руски сили извршиле гранатирање и воздушно бомбардирање на станбени населби и разни објекти во Харков и руралните населби во регионот, што резултирало со многу уништувања и пожари.

Поради уште едно масовно воздушно бомбардирање целосно или делумно се уништени повеќекатни станбени згради, административни згради, медицински установи, образовни институции и студентски домови.

Пожари од големи размери имало и во 21 објект во централниот дел на градот.

По нападите, од спасувачките екипи биле вклучени повеќе од 50 единици, а евакуирани биле околу 200 луѓе Пожарникарите под урнатините пронашле и тела на осум лица.

Се уште не е познат точниот број на загинати и повредени.

СкајЊуз објавува снимка за која се вели дека е со потврдена автентичност, а на која се гледа како проектил погодува станбена зграда.