Франција ги повика своите граѓани да го напуштат Иран што е можно поскоро. Според Париз, тие се изложени на ризик од произволен притвор.
„Секој француски турист, вклучително и лица со двојно државјанство, е изложен на висок степен на опасност од апсење, произволно притворање и неправедно судење“, објави француското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.
Франција оваа недела го обвини Иран за „диктаторски практики“ и држење двајца француски државјани како заложници, откако во четвртокот беше прикажано видео на кое тие признаваат дека шпионирале. Тоа се случува во време на неколкунеделни немири во Исламската Република, за кои Техеран обвини надворешни непријатели. (МИА)