среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Франција ги затвори границите за патниците кои не се од земји членки на ЕУ

Франција ги затвори границите за патниците кои не се од земји членки на ЕУ

Франција воведе нови епидемиски ограничувања на границата и повторно избегна воведување заклучување на целата територија.

Забрането е секое несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ, додека за граѓаните на земјите-членки на ЕУ се бара да направат негативен тест за Ковид-19, пренесува Би-Би-Си.

Премиерот на Франција, Жан Кастекс најави построго спроведување на полицискиот час и затворање на големите трговски центри, но овие мерки се сметаат за умерени и поволни за економијата.

Сепак, некои лекари сметаат дека ова нема да биде доволно за да се запре ширењето на вирусот во Франција.  (МИА)