вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција го зголемува воениот буџет

Франција го зголемува воениот буџет

Француската Влада планира да го зголеми воениот буџет во периодот 2019 – 2025, кој збирно ќе изнесува 295 милијарди евра.

Нацрт-законот за воен буџет, што е претставен денеска на седница на Владата, предвидува сума од 295 милијарди евра за општи одбранбени трошоци во тој период. Воениот буџет од 34 милијарди евра во 2018 година, до 2022 годишно ќе биде зголемуван за 1,7 милијарди евра. Од 2023 година до 2025 година зголемувањето ќе изнесува по три милијарди евра. Тие пари се наменети за модернизација на оружје, подобрување на одбраната од кибер криминал и за разузнавањето.

Претсеателот Емануел Макрон ветува дека ќе се зголемат воените издвојувања за два отсто БДП до 2025 година, согласно барањата на НАТО од сите членки.