понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција и Германија се „подготвуваат“ во случај Русија да престане да испорачува гас

Франција и Германија се „подготвуваат“ во случај Русија да престане да испорачува гас

Франција и Германија се подготвуваат за намалување на испораката на руски гас, изјави денеска францускиот министер за економија, додека рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе прекине соиспорака на гас за оние кои одбиваат да платат во рубљи.

– Утре може да дојде до ситуација во која… веќе нема руски гас. Наше е да се подготвиме за овие сценарија и ние се подготвуваме, изјави Бруно Ле Мер по разговорите во Берлин со неговиот германски колега Роберт Хабек. (МИА)