четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција и Мексико бараат седница на СБ на ОН на 29 март

Франција и Мексико бараат седница на СБ на ОН на 29 март

Франција и Мексико побараа во вторник на 29 март да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за хуманитарната ситуација во Украина, изјави денеска извор од светската организација.

-Барањето е поднесено денеска, истакна изворот.

На вчерашната итна седница на Советот за безбедност на ОН беа поднесени две резолуции за хуманитарната ситуација во Украина.

Првата е заеднички предлог на Франција и Мексико, во кој се повикува Русија веднаш да ја прекине воената операција, додека втората, поднесена од Јужна Африка, не содржеше такво барање, туку се фокусираше исклучиво на хуманитарната ситуација, како што се помошта и хуманитарни коридори. (МИА)