четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција ja обвини Велика Британија за дискриминација

Франција ja обвини Велика Британија за дискриминација

Францускиот министер за европски прашања Климан Бон ги критикуваше британските правила за патување, нарекувајќи ги дискриминаторски, откако Лондон објави дека ќе ги задржи мерките за карантин за патниците што доаѓаат од Франција, но не и за оние од другите земји на ЕУ.

Неговата реакција дојде откако Лондон објави дека ќе им овозможи на целосно вакцинирани патници од ЕУ и САД да влезат во земјата без карантин од следната недела, но дека правилата за Франција се уште се разгледуваат, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

– Тоа е неразумно и искрено неразбирливо од здравствени причини. Не се базира на наука и е дискриминаторско кон Французите, изјави Бон за телевизијата LCI.

Сепак, тој изрази надеж дека ќе се изврши ревизија што е можно побрзо, бидејќи, како што вели, станува збор за здрав разум.