Француската Влада донесе одлука да ја одложи контроверзната реформа на пензискиот систем барем до крајот на годината, поради економската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус.
Новиот француски премиер Жан Кастекс објави по денешната средба со претставниците на синдикатот дека ќе се продолжи со реформата на пензискиот систем, но дека владата ќе ги продолжи преговорите за деталите на тој план во наредните месеци наместо да ја заврши во текот на летото, како што беше планирано.
Реформата предвидува укинување на некои права, на пример, железничките работници веќе нема да можат да се пензионираат порано, а адвокатите нема да можат да плаќаат пониски даноци.
Владата разговара со синдикатите дали да ја подигне возраста за пензија на 62 години, или да зголеми даноци за да го направи пензискиот систем финансиски одржлив.
Намерата на Владата да го реформира пензискиот систем доведе до штрајкови и протести на синдикатите, кои стравуваат дека промените ќе ги принудат луѓето да работат подолго за помалку пари. (МИА)