четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција објави: 78.000 лица се потенцијално опасни за безбедноста

Во текот на 2017 година повеќе од 134.000 лица беа означени како предмет на тајни меѓународни проверки поради стравот дека претставуваат безбедносна закана
Франција објави: 78.000 лица се потенцијално опасни за безбедноста

Франција регистрирала повеќе од 78.000 лица кои претставуваат опасност по безбедноста на државата, во база на податоци, што ја користи европската полициска служба.

Франција на таа листа ставила повеќе имиња отколку сите други европски држави заедно.

Германскиот парламентарец Андреј Хунко укажа на оваа европска база на податоци во рамките на прашањето кое го постави на својот министер за внатрешни прашаеа за „дискретни проверки“ на граѓаните.
Во текот на 2017 година повеќе од 134.000 лица беа означени како предмет на тајни меѓународни проверки поради стравот дека претставуваат безбедносна закана.
Шефот на француската разузнавачка служба на крајот на минатата година изјави дека се надгледуваат 4.000 осомничени екстремисти.
МИА