Француската метеоролошка служба соопшти дека во 15 департмани останува портокаловиот метео-аларм поради излевање на реките од своите корита ширум земјата. Метеоролозите најавуваат уште дожд.
Освен Париз, каде што се очекува да расте нивото на реката Сена до сабота, останатите загрозени региони се наоѓаат на северот и на истокот на земјата, а четири департмани во Централна Франција се под закана поради снегот и мразот, пренесува АП.
За поплавите се виновни долготрајните дождови, а количината на дождот во Париз е двапати поголема од обично. Поради ова железничкиот сообраќај и метрото во Париз не работат редовно.