четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција: Притвор за четворица поранешни раководители на Мекдоналдс

Франција: Притвор за четворица поранешни раководители на Мекдоналдс

Четворица поранешни раководители на Мекдоналдс во Франција се во притвор под сомнение за затајување данок. Француските даночни власти се надеваат дека ќе вратат „од 300 до 600 милиони евра, па дури и милијарда“ евра данок, јави дописникот на МИА.

Четворица поранешни високи раководители на Мекдоналдс беа приведени во полиција деенска, како дел од прелиминарната истрага на Националното финансиско обвинителство за сомневање за затајување данок, соопшти извор запознат со ова прашање.

Француските даночни власти се надеваат дека ќе успеат да добијат „од 300 до 600 милиони евра, па дури и милијарда“ на неплатен данок, јавија француски медиуми. Поранешните раководители се во полициски притвор во просториите на Канцеларијата посветена на борбата против финансиските и фискалните престапи.