петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција: Сакаме да извезуваме украинско жито по копнен пат, не можеме да зависиме од Путин

Франција: Сакаме да извезуваме украинско жито по копнен пат, не можеме да зависиме од Путин

Франција работи на тоа да и дозволи на Украина да извезува храна по копнен пат преку Полска и Романија, изјави денеска министерот за земјоделство откако Русија се повлече од клучниот договор за извоз среде војната со Украина.

„Сакаме да видиме, ако не е можно да се премине Црното Море, дали тоа може да се направи по копнени патишта особено копнени патишта низ Романија и Полска“, изјави министерот за земјоделство Марк Фесно за радиото RMC.

„Ќе продолжиме да работиме според систем во кој нема да зависиме од добрата волја, во овој случај лошата волја на Владимир Путин“, рече Фесно.

Русија во саботата го суспендираше своето учество во договорот на ОН за жито „на неодредено време“ по, како што рече, голем напад од украински беспилотни летала врз нејзината црноморска флота на Крим.

Обединетите нации, Турција и Украина продолжија да го спроведуваат Договорот и се договорија за транзитен план за понеделник за 16 бродови да продолжат понатаму, и покрај повлекувањето на Русија од договорот на ОН.

Тој договор овозможи извоз на украински земјоделски производи на светските пазари.

Руската одлука најверојатно ќе влијае на пратките во земјите зависни од увозот. Цените на пченицата и пченката пораснаа во понеделникот откако Русија се повлече од договорот, пишуваат медиумите во светот.

Фесно во понеделникот рече дека „нема да има директни последици“ за француските потрошувачи.