среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Франција со засилени безбедносни мерки се подготвува за дочекот на Новата година

Франција со засилени безбедносни мерки се подготвува за дочекот на Новата година

Француската полиција најави дека ќе преземе засилени безбедносни мерки на јавните места во текот на дочекот на Новата година, поради „зголемени закани од терористички напади“ и можни нови протести на „жолтите елеци“.

Како што соопшти француското Министерство за внатрешни работи, зајакнато полициско обезбедување ќе има околу трговските центри, на јавните простори и во транспортната мрежа, поради што вечерва и во текот на ноќта ќе бидат ангажирани 148.000 полицајци и војници.

– Дочекот на Новата година се одржува во услови на висока терористичка закана и ненајавени протести на јавните места, се наведува во соопштението.

Некои припадници на двужењето на „жолтите елеци“ најавија протести за вечерва за време на новогодишното обраќање на францускиот претседател Емануел Макрон до нацијата.

Неколку стотици демонстранти се собраа во саботата на протести во Париз, кои минаа без нереди и судири со полицијата, како што беше случаи за време на претходните саботни протестни собири.