Француските власти денеска соопштија дека спасиле 42 мигранти кои се наоѓале на брод во Ламанш.
Мигрантите ги алармирале службите за итни случаи, а бродот за спасување ги земал во морето во близина на Па-де-Кале, соопшти француската полиција.
„Тие се однесени во блиското пристаниште Булоњ-сир-Мер и сите се чувствуваат добро“, се додава во соопштението.