сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Франција влегува во 13-ти ден од штрајкот

Франција влегува во 13-ти ден од штрајкот

Штрајкот на француските железничари кои се противат на пензиските реформи денеска влегува во својот 13-ти ден, а владата останува решена да продолжи да ги спроведува своите планови.

За денеска е најавена нова рунда протести низ Франција и водечките синдикати сакаат да го продолжат штрајкот и за време на Божиќните празници.

Повеќето вработени во јавниот сектор се вклучени во штрајкот, вклучително и вработени во железници, училишта, болници, кои стравуваат дека ќе треба да работат подолго и за пониски пензии.

Властите во парискиот регион вчера регистрираа рекорден сообраќаен метеж со колони од 630 километри. Во Париз работеа само две линии од метрото што користат автоматски возови без возачи. Другите 14 метро линии се делумно или воопшто не сообраќаат.

Повеќето регионални и национални возови не работат ниту, и има нарушувања во меѓународниот железнички сообраќај.

Посебни протести вчера почнаа и возачите на камиони, кои ги блокираа патиштата низ Франција барајќи поголема плата и подобри услови за работа.