понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Француските аналитичари сметаат дека руската армија била слабо подготвена за нападот врз Украина

Француските аналитичари сметаат дека руската армија била слабо подготвена за нападот врз Украина

Француските воени аналитичари проценуваат дека руската армија била слабо подготвена за инвазијата врз Украина и сега со соочува со потешкотии на терен, „особено на полето на логистиката и во разунавањето“.

Портпаролот на француските оружени сили, Паскал Иани, во интервју за телевизијата „Франс2“ уште рече дека според ситуацијата на терен преземањето на контролата врз Киев ќе потрае.

-Можно е напад врз Киев да биде извршен во следните неколку дена, но преземањето контрола врз Киев е сосема друга работа и ќе потрае долго, долго време, рече тој укажувајќи на проблеми со снабдувањето на руските трупи.

Дополнителни потешкотии за руската армија, според него, е настапувањето на предвремената пролет, покачените температури го раскалуваат теренот што го забавува напредувањето на воената техника.

Руски конвој долг 60 километри со денови напредуваше кон главниот град на Украина, но новите сателитски снимки покажуваат прераспоредување на руската механизирана опрема.