петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француските власти ја одобрија вакцината на Фајзер, сепак таа не се препорачува за одредени категории на населението

Француските власти ја одобрија вакцината на Фајзер, сепак таа не се препорачува за одредени категории на населението

Високиот орган за здравство на Франција донесе одлука за употреба на вакцината против Ковид -19 од Фајзер-БиоНтек, но сепак не ја препорачува за одредени категории на населението, јави дописникот на МИА.

Во понеделникот, Европската агенција за лекови (ЕМА) го одобри пласманот на вакцината против Ковид-19 на Фајзер, Високиот орган за здравство на Франција денеска ја даде својата согласност. Сепак, без официјално да ја забрани, Високиот орган за здравство советува да не се дава оваа вакцина на одредени профили.

Како прво, кампањата за вакцинација се однесува само на лица на возраст од 16 и повеќе години.
Покрај тоа, Органот сугерира бремените жени да не се вакцинираат, бидејќи тие не беа вклучени во тестирањето на вакцината.

Исто така се препорачува да не се вакцинира додека мајките дојат, како и луѓето со алергии.

Според француските здравствени власти во оваа фаза нема потреба да се вакцинираат излекуваните пациенти од Ковид-19. Сепак, во согласност со прелиминарните препораки од 30 ноември и наведени во мислењето објавено на 18 декември, овие лица ќе можат да се вакцинираат ако тоа го сакаат по консултации со лекар. (МИА)